• 22/09/2020

Стружанец со комби удрил во земјена препрека, повредена сопатничка

 Стружанец со комби удрил во земјена препрека, повредена сопатничка
loading...
Advertisement

На патниот правец Прилеп – Битола, во близина на клучка Лагово, Н.Д.(61) од Струга, вчера попладне во 17.30 часот управувајќи товарно моторно возило „форд транзит”, со скопски регистарски ознаки, удрил во земјена препрека на патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д.(54) и била пренесена во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.