
Стружанец со „ландровер“ излетал од патот
Вчера на регионалниот пат помеѓу село Подмолје и влез за автокампот „Андон Дуков”, патничко возило „ландровер”, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(76) од Струга излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката С.Т.(75) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо”. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.