
Стружанец со туѓа картичка вадел пари од банкомат
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против (35) годишен жител на Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 28.04., на 06.05. и на 11.05.2020 на банкомат на ул,,Маршал Тито“ во Струга, пријавениот, со платежна картичка одземена од (68) годишен жител на Струга, подигнал парични средства во вкупна вредност од 22.000 денари.