Стружанец стана стратешки партнер на моќниот Илон Маск од Тесла

 Стружанец стана стратешки партнер на моќниот Илон Маск од Тесла

Сопственик на компанија за софтвер од Струга кој има бизнис и во Германија стана стратешки партнер на еден од најбогатите луѓе на светот Илон Маск кој освен познатата компанија Тесла води уште неколку компании кои се сметаат за револуционерни во своите области.

Стружанецот Роберт Милески денеска ја објави веста со каква можат да се пофалат само малку компании во светот.

“Да се пофалам – мојата компанија Introcode стана стратешки партнер на Тесла. Отсега софтвер “Made in Macedonia” во нивните производи и во една од технолошки најнапредните компании во светот”, напиша Милески кој во јавноста во Македонија е познат како жесток борец против промена на името и идентитетот на Македонците.

Извор:expres.mk

x