
Стружанец тешко повредил обезбедувач
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишен жител на Струга. Тој, на 19 август околу 13,30 часот, пред објект лоциран на улицата „15 корпус“ во Охрид, физички нападнал 39-годишно лице од охридското село Лескоец, кое вршело обезбедување на објектот.