
Стружанецот Андреј Чакаровски викендов ќе учествува на Европското првенство во џудо!
Андреј Чакаровски, член на Џудо клуб ,,Дрим“ од Струга и репрезентативец на Македонија, викендов ќе настапи на Европското Првенство во Џудо, Софија 2022.

,,Самото учество е голема чест и успех како за него така и за нас како клуб! Да му посакаме многу среќа и успех на Европското Првенство!,, – порачува Ѓорги Стојанов, тренер на Џудо клуб ДРИМ од Струга.