Стружанецот Димитар Јованоски доби поддршка од ФОН

 Стружанецот Димитар Јованоски доби поддршка од ФОН

Државниот првак во Дуатлон ,Триатлон и Друмски Велосипедизам Јуниор категорија, 17 годишниот Димитар Јованоски во наредните шест  години ќе биде поддржан од Американскиот Универзитет на Европа – ФОН.

Во договорот за спонзорство на овој наш талент ќе му бидат покриени сите трошоци за домашните, европските и светските натпреварувања, како и стипендирање на неговите студии.

Неодамнешната трансформација на АУЕ – ФОН, согласно најсовремените американски образовни стандарди, кои нудат флексибилни, либерални и просперитетни студии, ставајќи го студентот во фокусот на интересот и тоа како ќе го олесни патот на Димитар при следењето на своите нескротливи амбиции и остварување на своите соништа.

Инаку Димитар, моментално ученик во СОУ Нико Нестор во Струга, е актуелен репрезентативец на Македонија во Триатлон и Велосипедизам за Јуниор категорија и член на триатлон клубот „3ДИСЦИПЛИНИ“ Струга, како и Велосипедскиот клуб „ ЕНЕРЏИ“ Скопје.

Уште од мал покажува интерес за спортот, особено велосипедизмот. Од 2016 па се до денес редовно ги освојува националните првенства во Триатлон, Дуатлон и Велосипедизам.

За 2020г влезе во најтесен избор од три натрпеварувачи за најуспешен млад спортист на Македонија. Истата година успешно ја затвори со освоено седмо место на Европското Јуниор Дуатлон првенство во Шпанија и државен првак во Дуатлон ,Триатлон и Друмски Велосипедизам Јуниор категорија.

x