Стружанецот Димитар Јованоски го освои второто место за млад спортист на Македонија

 Стружанецот Димитар Јованоски го освои второто место за млад спортист на Македонија

Агенцијата за млади и спорт ги избира најдобрите спортисти за 2020 година.

Горан Пандев и Вероника Костовска се прогласени за најдобри спористи за 2020 година.

Во категоријата ,, Млад спортист“ беше номиниран и струшкиот успешен триатлонец Димитар Јованоски кој го освои второто место за млад спортист на Македонија.

,, Благодарен сум на Агенцијата за млади и спорт , мојот тенер Никола Кутаноски и на мојата фамилија. Оваа номинација ми дава уште поголема мотивација за повеќе успеси во иднина. Спортот е живот за мене, затоа нема да се откажам и ќе бидам уште поупорен и похрабар“- вели Јованоски.

Димитар Јованоски сосема заслужено беше номиниран за млад спортист со оглед на тоа дека во март минатата година го освои седмото место на Европското првенство во триатлон што се одржа во Пунта Умбриа , Шпанија.

извор:StrugaOnline