Стружaнецот кој бил отруен од поранешната сопруга бил Даниел Кајмакоски

 Стружaнецот кој бил отруен од поранешната сопруга бил Даниел Кајмакоски

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Му се слошило по средба со поранешната сопруга, на која таа му дала кафе во кое тој се сомнева дека имало дрога, пренесе А1он.

МВР потврди дека Кајмакоски бил примен во болница и дека се работи на расчистување на случајот.

„Вчера во 13,00 часот во полициска своето дете но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа
за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР
за „А1он“.

Кристина Димитријевска, од која Кајмакоски се разведе во 2019 година по три години брак, неодамна во интервју одговарајќи зошто Дание не бил на роденденот на синот, без да му го спомене името на поранешниот сопруг, и кусо рече дека таа му е и мајка и татко на нивниот тригодишен син.

>
>