Стружани нападнале кумановци на бензинска со тврди предмети

 Стружани нападнале кумановци на бензинска со тврди предмети

Во соопштението од МВР стои дека на 23.06.2021 полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Р.Р.(19) и А.Р.(38), двајцата од Струга, постапувајќи по пријава добиена околу 19.00 часот од Медицински центар Струга, според која кај нив со повреди биле донесени Б.Х.(34) и Д.Х.(30), двајцата од Куманово.

По преземени мерки било констатирано дека околу 18.40 часот, на бензинска станица на магистралниот пат А-2, тие биле нападнати со тврди предмети од неколку лица.

Р.Р. и А.Р. се приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

>
>