Стружани повредени во несреќа во Албанија

Стружани повредени во несреќа во Албанија

Во сообраќајна несреќа во Албанија попладнево се повредени двајца жители на Струга. 

Несреќата се случила кај граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница. 

„Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил марка „мерцедес“ управувано од В.А.(48) жител на Струга, Македонија и автомобил „голф“ управувано од албанскиот државјанин Д.С.(22). Притоа, со повреди се здобиле двајцата возачи и С.А.(46), жителка на Струга, сопатник во возилото „мерцедес“, јави агенцијата Балкан веб. 

Повредените се задржани во болницата во  градот Поградец и не се во животна опасност.  Како причина за несреќата е наведена неприспособената брзина на движење. 

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds