Стружанка на хемодијализа – хероина која го победи корона вирусот

 Стружанка на хемодијализа – хероина која го победи корона вирусот

Бранкица Размоска е хероината од Струга на хемодијализа која го победи корона вирусот.

 Има  само 28 години, а со болеста се соочила уште како тинејџер. Битката со бубрежната слабост ја довела на апарати за хемодијализа. Во 2009 година  и била извршена успешна трансплантација на бубрег, донор била нејзината мајка.

За жал после десет години откажал  бубрегот  и повторно,  веќе две години  е на апарати. Три пати неделно по четири часа  во струшката болница за нефрологија.

-„На почетокот ми беше многу тешко додека се навикнав, не можеш да се однесуваш нормално како останатите луѓе. Но со тек на времето ја прифаќаш болеста и веќе не ми смета тоа ми е дел од секојдневието“, вели Бранкица Размоска  пациент на хемодијализа.

Храбрата девојка  успеа да се избори   и со  корона вирусот.

„Бев доста уплашена од тоа што гледам слушам и очекувам да ми се случи, но  сите беа заангажирани сите беа на нога. После петтитот ден немав некои тешкотии, бев нон стоп под надзор терапија,  горе бев на одделение сите се грижеа за мене“, додава Размоска.

Болеста ја попречува да најде соодветно работно место, но има голема поддршка од семејството и медицинскиот персонал.

„Семејството ми дава оргомна поддршка, медицинскиот персонал немам зборови секаква поддршка и помош во секое време тие ни се нас втора фамилија“, додава Размоска.

После вчерашната успешна трансплантација на бубрези, Бранкица размислува за втора операција. Иако се` уште не е на листа на чекање, шансата за подобар живот  ја гледа во повторна  трансплантација ,  која може да се случи само со орган од мртов донор, бидејќи сроден во семејството веќе нема.

извор:OhridNet.com

>
>