Студија: Кучињата трагачи би можеле да ја спречат појавата на ковид-19 на работното место

Иако ограничувањата околу пандемијата на коронавирусот се укинати во многу земји, научниците од Универзитетот за ветеринарна медицина во Хановер, Германија, веруваат дека кучињата-трагачи би можеле да бидат уште покорисни во спречувањето на Ковид-19 во големите компании и заеднички работни простории.

Раководителот на истражувањето, Холгер Фолк за агенцијата ДПА појасни дека овој вид куче претставува „систем за рано предупредување“.

– Обучените кучиња можат да идентификуваат зараза и пред и ПЦР-тестот да биде позитивен. Големите компании како „Континентал“ (Continental) и „Фолксваген“ (Volkswagen), би можеле да ги користат како релативно евтина „алатка за проверка“ за поголема безбедност на своите вработени, изјави Фолк.

За испитаниците беа обезбедени и брисеви за брзи тестови, заради споредба.

Посебно обучените кучиња препознале негативни примероци во 99,9 отсто од пробите и 81,6 насто позитивни примероци.

Овие кучиња можат да препознаат и различни видови рак, маларија и некои бактериски и вирусни болести.

Кучињата за откривање веќе се користат на аеродромите и на јавни настани за помош во откривање на зараза со коронавирус, спречувајќи го така ширењето на болеста. Научниците веруваат дека кучињата ќе може да помогнат во откривањето и на неидентификувани случаи.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy