
Судар на четири возила на пат Охрид- Струга кај Св. Еразмо, сообраќајот пренасочен
Сообраќајна несреќа се случи попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Св. Еразмо.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, од засега непознати причини дошло до судар на три патнички возила и едно товарно возило.
Поради несреќата во моментов се врши пренасочување на сообраќајот на оваа делница по стариот пат за Струга.
На местото на настанот во тек е увид
Извор:OhridNews