Судар на три „ферари“ – не се гледа често!

 Судар на три „ферари“ – не се гледа често!

Годишниот собир на суперспортски автомобили под назив „Supercar Show”, кој се одржуваше оваа недела во Филаделфија и пред својот почеток имаше три „жртви“.

Иако полицијата настојуваше да обезбеди поминување на скапоцените автомобили, еден возач на „ферари“ одлучи да се поигра.

Имено, возач на црн „ферари 488 GTB“ се залета со својот автомобил, а кога наиде на колона, скршна во средната лента и удри друго „ферари 488 писта“.

Потоа дојде до судар со уште едно „ферари“, црн „458 Италиа“.

Сè е снимено од „мекларен 600LT“ што ги следел возилата во трката, но на време сопре. Според информациите, сите три „ферариа“ се многу оштетени и веројатно ќе бидат отпишани.

x