Судбината на чилеанскиот „Херкулес“ уште е непозната

Судбината на чилеанскиот „Херкулес“ уште е непозната

Чилеанскиот воен транспортен авион, со 38 патници и членови на екипажот исчезна од радарот додека беше на лет на Антарктикот, по што дел од светските медиуми пренесоа дека се верува оти се урнал, повикувајќи се на неофицијални информации од Чиле.

Како што пренесе „Раша Тудеј“, воената база изгубила контакт со авионот „Ц-130 Херкулес“ синоќа.

Судбината на членовите на екипажот и патниците засега е непозната.

Авионот се упатил кон базата на Антарктикот, а контактот бил изгубен еден час по полетувањето. Властите соопштија дека неколку часа подоцна не биле оптимисти. Армијата претходно започна операција за потрага и спасување.

Чилеанскиот претседател Себастијан Пинира објави на „Твитер“ дека ја следи состојбата со министрите за одбрана и внатрешни работи во седиштето на воздухопловните сили, пренесува „АП“.

Воздухопловните сили објавија дека немале контакт со авионот повеќе од седум часа и дека леталото најверојатно останало без гориво.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds