• 02/04/2020
 Судир на танкер и рибарски чамец во Турција: Три лица се исчезнати

Судир на танкер и рибарски чамец во Турција: Три лица се исчезнати

Во водите на Црно Море, во близина на Истанбул, утрово се судрија танкер, кој пловел под руско знаме, и турски рибарски чамец.

При судирот рибарскиот чамец потонал, а канцеларијата на истанбулскиот гувернер соопшти дека тројца државјани на Турција се водат како исчезнати, а други тројца се спасени.

Во потрагата за исчезнатите се ангажирани и нуркачи.

Рускиот брод „Глард 2“ пловел од Ростов на Дон до Измир, во западниот дел на Турција.

Поради густа магла времено е затворен Босфорскиот теснец, објави на Твитер канцеларијата на гувернерот на Истанбул.

Digiqole ad

Можеби ке те интересира