Суперзаразниот индиски вид коронавирус пристигна во Европа

 Суперзаразниот индиски вид коронавирус пристигна во Европа

Варијантата на Ковид-19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија кај група индиски студенти кои пристигнале од Париз, објавија белгиските власти.

Неколку експерти сугерираат дека тие можеби биле жртви на супер-заразен член на нивната група или друг патник во автобусот, кој ги донел од Париз во Белгија, пишува „Гардијан“.

„Овие студенти ја почитуваа строгата изолација од нивното пристигнување. Од 43 студенти, 20 се заразени со индиската варијанта“, твитна микробиологот Емануел Андре од Католичкиот универзитет во Левен.

Групата слета во Париз на 12 април.

Неколку студенти почнаа да имаат симптоми на вирус пет дена подоцна, рече вирологот Марк ван Ранст. Варијантата Б.1.617 веќе се појави на други места, вклучувајќи ги САД, Австралија, Израел и Сингапур, наведува „Гардијан“.

Во Индија секој ден се регистрираат повеќе од 300.000 нови случаи на заболување, и има илјадници починати. Болниците се полни, нема кислород, нема медицински персонал, а крематориумите работат нонстоп.

>
>