Свечено отварање на „Подгорка“ од Струга, инвестиција вредна 5,5 милиони евра со поддршка од ИПАРД

Свечено отварање на „Подгорка“ од Струга, инвестиција вредна 5,5 милиони евра со поддршка од ИПАРД

Во тек е свеченото отварање на преработувачкиот капацитет кофинансиран од ИПАРД – „Подгорка“ во Струга.

Сопственикот на инвестицијата Мевмед Џемајловски денеска ја претстави својата инвестиција како една од поголемите домашни инвестиции, вредна 5.5 милиони евра и кофинансирана со средства од ИПАРД програмата. Станува збор за компанија која што се занимава со производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди и која ќе обезбеди 80 работни места за македонските граѓани.

На свеченото отварање се присутни премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски како и други функционери, директори на институции, амбасадори, агробизисмени, домашни и странски гости.

Сопственикот Џемајловски изрази огромна благодарност до државните институции кои брзо и навремено помогнале во процесот на подготовка и комплетирање на потребната документација во процесот на аплицирање.

„Институциите ја препознаа и разбраа економската важност на нашата инвестиција. Објектот е изграден според стандардите за енергетска ефикасност, а производствениот процес во фабриката се одвива според најмодерни европски стандарди. Нашата цел е да ги отвориме регионалните пазари и да извезуваме во соседните земји“, соопшти сопственикот на „Подгорка“.

Извор:agrotim.mk

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds