Свеченост во чест на Патронот на Охрид во градската библиотека

Свеченост во чест на Патронот на Охрид во градската библиотека

На 6 декември, петок, со почеток во 12:00 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“, ќе се одржи свеченост во чест на патронот на Охрид „Св. Климент Охридски“.

Пригодна реч за Св. Климент Охридски ќе одржи проф. Татјана Дурнева, по што ќе следи фото презентација: „Св. Климент Охридски и Охрид“.

Свеченоста ќе биде збогатена со изложба на книги посветени на словенската писменост: „Од Светите браќа Кирил и Методиј до Св. Климент и Св. Наум Охридски“ и промоција на трилогијата за Охрид (книги со фотографии од градот од минатото до денес) со осврт на последната: „Охрид, враќање во минатото“ од академик Миле Миќуновиќ.

Во рамки на свеченоста, писателот Коста Фортомар од Охрид, ќе биде прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

На свеченоста ќе настапат ученици од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид.

Извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds