Светот е шокиран од извештајот за злоставувањето на муслимани во Кина

 Светот е шокиран од извештајот за злоставувањето на муслимани во Кина

САД се “длабоко вознемирени” од извештаите за системско силување и сексуално злоставување на жени во логорите за Ујгури во кинескиот регион Ксинјианг, објавил Стејт Департментот.

“BBC” претходно објавил дека неколку поранешни затворенички и стражари откриле дека “доживеале или сведочеле системско масовно силување, сексуално злоставување и мачење”, пренесува Хина.

“Длабоко сме вознемирени од извештаите, вклучувајќи ги и сведочењата од прва рака, за системско силување и сексуално злоставување на жени во логорите за Ујгури и други муслимани во Ксинјианг”, рекла портпаролката на Стејт Департментот.

Пекинг ги отфрла обвиненијата

Портпаролката повторила дека Кина извршила злосторства против човештвото и геноцид во Ксинјианг и додала дека за тие “злосторства” треба да сноси сериозни последици.

Портпаролката на Стејт Департментот истакнала дека Кина треба да дозволи моментална и независна истрага на меѓународните набљудувачи поради обвиненијата за силување и другите злосторства во Ксинјианг.

Пекинг ги отфрлил овие обвиненија и додал дека целта на поставените комплекси е сузбивање на екстремизмот и сепаратизмот.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, рекол дека натписите на “BBC” се без фактичка основа и додал дека оние кои ги изнеле обвиненијата неколку пати биле актери во ширење на лажни информации.

>
>