Светот пред 20 години и денес: Работи кои тогаш не постоеја, а денес не можеме да се замислиме без нив

 Светот пред 20 години и денес: Работи кои тогаш не постоеја, а денес не можеме да се замислиме без нив

Светот целосно се смени во последните дваесет години, а со новите технологии драстично се смени и начинот на живот, комуникацијата и поминувањето на слободното време.

Во 2001 година се појавија некои работи без кои што денес не можеме да ги замислиме нашите животи, а листата на тие работи ги остави без зборови корисниците на Твитер кои што од вчера ја лајкуваат објавата на канадскиот новинар Џон.

Тој на социјалната мрежа Твитер ги напишал сите апликации, сервиси и компании без кои на многумина животот денес би им бил незамислив, а пред 20 години никој не можел ниту да претпостави дека истите ќе постојат.

Тука се: iPhone, Facebook, YouTube, Twitter, TikTok, Instagram, Android, iPad, Gmail, Tesla, WhatsApp, Bitcoin, Netflix, DoorDash, Chrome, Messenger, Zoom, FaceTime, Google Maps, Amazon Prime, Airbnb, Uber, Snapchat, LinkedIn Reddit, Robinhood, Skype, Spotify и SpaceX.

Се согласувате ли и вие?

>
>