СВР Охрид-Милески началник, Смилески дополнителен заменик началник

СВР Охрид-Милески началник, Смилески дополнителен заменик началник

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска, заменикот министер за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, денеска, одржаа работен состанок со раководителите и дополнителните раководители кои се назначени согласно член 44 од Законот за Влада на Република Северна Македонија.

На работното место началник на СВР Охрид во Биро за јавна безбедност се именува Илија Милески, додека пак Сашо Смилески се именува за дополнителен заменик началник на СВР Охрид во Биро за јавна безбедност.

Министерот Чулев и дополнителниот заменик министер Петровска потенцираа дека законите мора да се почитуваат и да се исполни основната цел, покрај стандардните за гарантирање на јавниот ред и мир, а тоа е организирањето на мирни, фер и демократски избори на 12 април.

Чулев и Петровска ја потенцираа добрата меѓусебна соработка и посочија дека таквата соработка треба да биде пример и за другите раководители, кои мора да соработуваат во интерес на граѓаните. МВР е специфично министерство кое не дозволува импровизации и хиерархијата мора да се почитува и оттука, во своето постапување, сите полициски службеници и вработени се должни да постапуваат согласно законските одредби.

Извор: OhridNews