СВР Охрид со известување до граѓаните

СВР Охрид со известување до граѓаните

Утрово портпаролот на СВР Охрид г-дин Стефан Димовски за ТВ Спектра изјави дека полициските службеници вршат засилена деноноќна обиколка и контрола на угостителски и други јавни објекти во двете општини и приградските населби (маркети, ноќни клубови, фитнес салони,), со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и сузбивање на корона вирусот, што ги презема Владата. Упатуваме апел до сите граѓани на општините Струга, Охрид Кичево и околните населени места строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19). За сите потребни информации, сите правни и физички лица, можат да се обратат до полициските станици и исклучително да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик. – укажува Димовски.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds