СВР Охрид со соопштение од текот на изминатото деноноќие

СВР Охрид со соопштение од текот на изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (08/09.05.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, едно лице во Струга не ја почитувало забраната за движење. Тој е приведен и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Во истиот период, не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 40 контроли врз  лица во изолација и 51  контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-23, Струга-18, Кичево-9, Дебар-1). Во истиот период, полициските службеници извршиле 50 контроли на угостителски и други  објекти.

На 08.05.2020 год во 20:55 часот, Ѓ.К.(40) од Кичево, пријави дека на улицата „Љубица Богеска“бил нападнат од куче скитник при што се здобил со повреди во десната натколеница.

На 08.05.2020 година во 12.45 часот, на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар во близина на селото Пополжани, случено е собраќајна незгода во која О.Н.(55) од Кичево се здобил со тешки телесни повреди и со медицинско возило е префрлен во Општата болница во Кичево. Тој, управувајќи велосипед марка „Каприоло“, со предното тркало удрил во задното тркало на велосипедот што бил пред него, марка „Рог“, управуван од В.П.(54) од Кичево.

На  08.05.2020 год во 18.45 часот на улицата „ Амди Леши“ во Дебар, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.М.(27) и К.М.(29) врз Б.К.(33), сите од Дебар. Напаѓачите се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds