СВР ОХРИД соопштение: „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“

СВР ОХРИД соопштение: „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против К.М.(65) од Кичево. Тој, на 20.04.2020 година во 11 часот, затекнат е на булеварот „Ослободување“ во Кичево и при извршена контрола, полициските службеници констатирале дека нема соодветна дозвола за движење за време на полицискиот час издадена од надлежен орган и не ја почитувал одлуката за забрана на движење на населението во периодот од 16 часот на 17.04. 2020 година до 05 часот на 21.04.2020 година.

Во текот на изминатото деноноќие (07/08.05.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, три лица не ја почитувале забраната за движење ( Струга-1, Кичево-2) Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 44 контроли врз  лица во изолација и 37 контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-10, Струга-18, Кичево-8, Дебар-1). Во истиот период, полициските службеници извршиле 95 контроли на угостителски и други  објекти.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против следниве лица: С.П.(24), Р.П.(28), К.В.(20), Е.М.(40) и С.П.(35), сите од Дебар. Пријавените, во периодот од 29.04.2020 до 03.05.2020 година, биле затекнати на улиците „Бетон“ и „Џавид Уштеленца“ во Дебар и при извршена контрола, полициските службеници констатирале дека немаат соодветна дозвола за движење за време на полицискиот час издадена од надлежен орган и не ја почитувале одлуката за забрана на движење на населението со цел заштита од коронавирусот Ковид-19

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds