
СВР ОХРИД – Соопштение од текот на изминатото деноноќие
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.К.(61) од Кичево, против А.М.(30), Ш.А.(51), двајцата од селото Преглово, како и против правното лице „Фино Лес“, за сторено казнено дело „кражба“. На 03.07.2019 година, пријавениот З.К., како раководител на Шумското стопанство „Лопушник“ од Кичево, ја злоупотребил службената положба и спротивно на Законот за шуми, во име на подрuжницата, со правното лице „Фино Лес“, претставувано од сега пријавениот Ш.А. склучил договор за купопродажба на 818 метри просторни буково огревно дрво. Тоа, пријавениот го направил иако знаел дека правното лице не поседува лиценца за вршење работи на сеча и дотур во шуми во државна сопственост, со што му овозможил купување на дрва во вкупна вредност од 1.804.998 денари. Пријавениот А.М., вработен како сечач во „Лопушник“, при реализирање на договорот за купопродажба извршил бесправна сеча на 36 неозначени букови стебла од шума во државна сопственост, во вкупна количина од 69,21 метри просторни, кои заради препродажба, противправно ги оддзел претставникот на правното лице.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л.(30) од Скопје. Тој, на 24.04.2020 година во 13.20 часот, со намера да се стекне со противправна имотна корист, влегол во домот на оштетената М.В. во Охрид и со остар предмет ѝ упатил закани. Таа успеала да го совлада, во што ѝ помогнал и нејзиниот сосед.
Во текот на изминатото деноноќие (04/05.05.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, четири лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-2, Струга-2). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 04.05.2020 година во 23.45 часот, во близина на угостителски објект во струшкото село Подгорци, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.Д.(37) врз К.А.(26), двајцата од истото село. Тие се приведени, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 58 контроли врз лицата во изолација, 51 контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-28, Струга-16, Кичево-6, Дебар-1), како и 59 контроли на угостителски и други објекти.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(21) од Охрид. Тој, на 21.04.2020 година во 22 часот бил затекнат на улицата „Никола Карев“ во Охрид, и при извршена контрола, полициските службеници констатирале дека нема соодветна дозвола за движење за време на полицискиот час издадена од надлежен орган и не ја почитувал одлуката за забрана на движење на населението во период од 16 до 05 часот.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Љ.Ч.(41) од Струга. При контрола врз лицата кои потпишале изјава за самоизолација, извршена на 22.04.2020 година во 11 часот, полициските службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом, со што ги прекршил одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација.
На 04.05.2020 во 11.10 часот било пријавено дека на магистрален пат Охрид-Кичево Е.А.(41) од селото Лабуништа, струшко, управувајќи патничко возило „БМВ“, со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил совозачот С.Н.(30) од Лабуништа, по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
На 04.05.2020 во 16.13 часот било пријавено дека во Охрид, на раскрсницата од булеварите „Туристичка“ и „Македонски Просветители“, патничко возило „мазда“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(22) од Охрид, удрило во велосипед, управуван од А.П.(77) од Охрид. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.