СЗО ќе разговара за вонредна состојба поради мајмунските сипаници

СЗО ќе разговара за вонредна состојба поради мајмунските сипаници

Експерти од Светската здравствена организација (СЗО) ќе имаат средба денеска за да проценат дали епидемијата од мајмунските сипаници треба да се прогласи за вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење, како што беше случај со пандемијата од Ковид-19, јавија британски медиуми.

Претходно прогласени се само шест такви вонредни состојби: Ковид-19 (2020), избивање на ебола во Демократската Република Конго (2019), вирусот Зика (2016), полиомиелитис или детска парализа (2014), епидемијата од ебола во Западна Африка (2014), вирусот Х1Н1 или свински грип што предизвика пандемија во 2009 година.

Доколку тоа се случи, можно е да се активираат механизмите за меѓународна соработка, а целта е да се ограничи ширењето на болеста. Тоа, истовремено би бил и сигнал за некои земји да бидат подготвени, односно да ги зајакнат капацитетите на своите здравствени служби.

Според СЗО, вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење, е „вонреден случај за што е утврдено дека претставува ризик за јавното здравје на други држави за време на меѓународно ширење на болеста и дека потенцијално бара координиран меѓународен одговор“.

Претходно, директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус изјави дека јасно е оти има необична ситуација, бидејќи вирусот сега се однесува поинаку, мајмунските сипаници се појавуваат во сè поголем број земји, поради што е потребен координиран одговор.

Стручниот комитет дава препорака, а конечната одлука за прогласување вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење, ја носи генералниот директор Тедрос Адханом Гебрејесус.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds