СЗО со нови сознанија: Еве колкав процент од популацијата треба да се вакцинира за да се запре ширењето на коронавирусот

 СЗО со нови сознанија: Еве колкав процент од популацијата треба да се вакцинира за да се запре ширењето на коронавирусот

Приближно 60 до 70 отсто од популацијата треба да се вакцинира за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија лидерите на Светската здравствена организација (СЗО).

Стапката била утврдена врз основа на неколку студии, изјави Кетрин О’Брајан, шеф на одделот за вакцинација на СЗО, на прес-конференција во Женева. 

Меѓутоа, таа нагласила дека вистински потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе стане појасна откако ќе се знае повеќе за вакцините кои се тестирани досега.

„Навистина е важно да започнеме да добиваме повеќе информации“, вели О’Брајан.

Покрај сознанијата колку вакцините се ефикасни во спречување на заразата со Ковид-19, значајно е и прашањето дали тие отежнуваат вирусот да се задржи во носот или грлото кај лица кои немаат симптоми и дали вакцините го отежнуваат пренесувањето на вирусот од едно на друго лице.

Еден од главните експерти на СЗО, Мајк Рајан, рекол дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот би требало да овозможи „значителна контрола над вирусот следната година“.

>
>