• 22/09/2020

Тачи го повика Рама да потпише договор за отстранување на царината и границата меѓу Косово и Албанија

 Тачи го повика Рама да потпише договор за отстранување на царината и границата меѓу Косово и Албанија
loading...
Advertisement

Претседателот на Косово Хашим Тачи го повика албанскиот премиер Еди Рама да потпише „меѓудржавен“ договор за отстранување на границата и царината меѓу Косово и Албанија.

Тачи кажа дека Косово е спремно да ги укине границата и царината, наведувајќи дека Албанците од двете страми на границата се „браќа и иста нација“.

„Потврдувам во име на институциите на Косово дека Косово веќе е спремно да донесе одлука за отстранување на границата, царината и која било друга бариера во однос на Албанија. Од денес, не би имало какви било бариери меѓу двете држави. Го повикувам мојот пријател Еди Рама да донесе таква одлука, јас подготвено ја чекам“, кажа Тачи на конференција за новинарите.

Зборувајќи за односите со Рама по самитот во Тирана и бројните негативни коментари кои од Косово беа упатени до албанскиот премиер, Тачи кажа дека го цени придонесот на својот „пријател Рама“.

„Ние сме браќа, не можам да ги издадат ни интересите на Албанија ни на Косово, бидејќи двете наши држави функционираат како нормални држави, со модерни устави и закони. Го ценам придонесот на премиерот на Албанија Еди Рама, бидејќи тој е мој пријател по мој избор, ги ценам неговата посветеност на мирот и стабилноста“, кажа Тачи.

Тој оцени дека треба да се има предвид дека Србија треба да се третира „со друг јазик“, особено иницијативите кои имаат цел „Косово да не се третира како рамноправна држава“, што како што наведе, може да ѝ даде алиби на Србија да не го признае, односно да го одложува признавањето на Косово.