• 24/09/2020

Тачи: Ситуацијата е премногу опасна

 Тачи: Ситуацијата е премногу опасна
loading...
Advertisement

Одлуката на ЕУ за одложување на членството на земјите од западниот Балкан не е решение туку можен повод за нови немири во регионот, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи.

Тој истакна дека сегашната ситуација е премногу комплицирана и опасна и побара од Европската Унија да биде похрабра и поголем визионер, како и сигурен партнер на западниот Балкан.

„Стратегијата за проширување на Европската Унија со земјите од западниот Балкан создаде уверување дека ЕУ им дава решителен замав на Косово и земјите од западниот Балкан да се интегрираат во европското семејство, но последните настани нѐ дематираа во тоа“, кажа Тачи.

Тој укажа дека некои земји од западниот Балкан се соочуваат со назадување на демократијата и пораст на популизмот и национализмот.

„Балканот стана геополитичко бојно поле. Во тие околности одложувањето на проектот на проширување на ЕУ со државите од регонот не е опција, не е решение, не е пат. Во реалноста, таа опција е повик на нови немири на западниот Балкан“, кажа Тачи а пренесуваат косовските медиуми.