
Тајландската гранична патрола убила 15 шверцери на дрога
Тајландски војници убија 15 припадници на шверцерска група осомничена за шверц на дрога, во вооружена пресметка на северот на земјата во близина на границата со Мјанмар, соопштија денеска властите во Бангкок.
Според воената единица задолжена за безбедноста во северните погранични провинции на Тајланд, нејзините припадници синоќа пресретнале група осомничени кои носеле ранци во шумска планинска област и им наредиле да застанат, но тие одбиле.
Во утринската инспекција на местото на десетминутната престрелка, во округот Фанг, провинцијата Чианг Маи, армијата пронашла безживотни тела на 15 луѓе и 29 ранци полни со метамфетамини.
Нема повредени војници додека сè уште се истражува дали шверцерската група го транспортирала синтетичкиот наркотик од Мјанмар. Нема информации дали некој од осомничените избегал и за колкава количина наркотици станува збор.