Татко предизвикал бес поради она што го направил со синот: „Сето ова поради глупава фотографија?“

 Татко предизвикал бес поради она што го направил со синот: „Сето ова поради глупава фотографија?“

Еден татко од Кина се нашол на мета на критики откако на социјалните мрежи се појавила снимка на која се гледа како го држи детето на раб на провалија, додека мажот до нив се обидува да направи совршена фотографија.

Видеото настанало неодамна во Пекинг, а објавено е на кинеската социјална мрежа Weibo и наскоро станало вирално.

На снимката се гледа дете кое со нозете е потпрено на ѕид и под него јасно се гледа провалија, додека таткото го држи за раце, а за време на снимањето дури и неколкупати му затрепериле рацете.

Снимката предизвикала бес кај многумина на социјалните мрежи, каде го искритикувале таткото поради тоа што го довел во опасност животот на детето.

„Сето ова поради глупава фотографија?“, „Не заслужува да биде татко“, „Жално за детето“, се само дел од коментарите.

>
>