
Татко си ги убил близначињата (7) и синчето(4), па се застрелал, но преживеал – Детали за трагедијата во Загреб
Јутарњи лист“ наведува дека таткото си ги угушил трите деца, близнаци на седумгодишна возраст, а синчето на четиригодишна возраст, по што сам се застрелал. Но, тој преживеал и бил пренесен во болница. Наводно, родителите на децата биле разведени, а таткото е финансиски консултант кој работел за неколку угледни австриски компании и има своја консултантска фирма во Виена.
Полицијата за Индекс.хр потврди дека се убиени три лица, но засега, додека не го извести семејството за се, не сака да зборува за деталите за убиството и мотивите.
Во тек е истрага.
Фото: index.hr