• 11/07/2020
 Татко убил ќерка и зет во Австралија: Имаат потекло од Струга

Татко убил ќерка и зет во Австралија: Имаат потекло од Струга

Млад брачен пар е убиен во Австралија последниот ден од годината, а единствен осомничен е таткото на жената. Настанот се случил во предградие на Мелбрун, а младиот сопруг Ветон Мусаи кој имал 29 години е по потекло од Струга. Ветон и Линдита Мусаи биле застрелани во нивниот дом. Дваесет ипетгодишната Линдита починала на лице место, а Ветон утредента во болницата.

Таму во моментот е и единствениот осомничен, таткото на убиената затоа што и тој има прострелна рана која си ја нанел обидувајќи се да се самоубие. 

Ветон Мусаи бил вработен во австралиската национална банка и бил син на поранешниот шеф на албанското здружение на заедници во Австралија, Алил Мусаи, со потекло од Струга.

Извор: faktor.mk

Digiqole ad

Можеби ке те интересира