
Тензиите продолжуваат: Турција го принуди на повлекување кипарскиот истражувачки брод во Медитеранот
Турската воена морнарица го оддалечи истражувачкиот брод на кипарските Грци од, како што беше наведено, турскиот континентален појас во Средоземното Море, откако влезе во областа без дозвола, објави денеска турското Министерство за одбрана.
Меѓу Турција и Грција со децении постојат тензии и територијални претензии во источниот Медитеран, воздушниот простор, енергијата, статусот на одделни острови во Егејското Море и отцепената турска држава на поделениот остров Кипар, објави Ројтерс.
По неколкумесечните тензии минатата година што предизвикаа страв од директен конфликт меѓу членките на НАТО Турција и Грција, двете страни во јануари се согласија да, по петгодишна пауза, ги продолжат разговорите за решавање на разликите
Следната рунда преговори ќе се одржи во среда во Анкара.
Турското министерство за одбрана денеска објави дека „Наутик Гео“, истражувачки брод кој плови под кипарско знаме, бил принуден да се одалечи од турскиот континентален појас во текот на викендот, откако било предупредено дека влегол во туѓа локација.
Анкара, исто така, започна дипломатски иницијативи да го реши проблемот со Малта и Италија, земјите кои се сопственици на бродот.