Тензиите растат: Русите продолжуваат да преместуваат тешко вооружување на границата со Украина

 Тензиите растат: Русите продолжуваат да преместуваат тешко вооружување на границата со Украина

Нова криза на руско-украинската граница е на повидок, а доколку тензиите во следниот период не престанат, тогаш можна е опасна ескалација во која ќе бидат вклучени повеќе страни.

Голем број на тенкови, тешка артилерија и над 4 илјади војници веќе се мобилизирани во Русија и разместени во близина на западната граница со Украина. Регионот е нестабилен во последните десетина години, а ситуацијата последен пат ескалираше во 2014-та година кога Русија го нападна регионот на Крим и го анектираше украинскиот полуостров.

Деновиве се повеќе снимки пристигнуваат од регионот Вороњеж каде што е забележано значително зголемено присуство на руската војска.

Руската армија веќе распореди голем број на сили на Крим, но и во регионот на Ростов и Краснодар, а денеска од самопрогласената Доњецка република во Украина соопштија дека Киев се подготвува за војна.

>
>