• 22/09/2020

Тепачки во ситни часови во Охрид и Струга, пожар во фабрика за сокови

 Тепачки во ситни часови во Охрид и Струга, пожар во фабрика за сокови
loading...
Advertisement

Полицијата во Охрид и Струга и ноќеска имаше полни раце работа. Таа интервенирала во два случаи на нарушување на јавниот ред и мир.

Во 03 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од 30-годишно лице од охридската населба Рача врз 40-годишен жител на Охрид. По целосно документирање на настанот, против него СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на охридската полиција Стефан Димовски.

Исто така ноќеска околу 03 часот, во Стругам на улицата „ЈНА“, нарушен бил јавниот ред и мир, во кој, засега непознати лица, физички нападнале две лица ос Струга на возраст од 45 и 52 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите.

Во 01.55 часот, пак, во фабрика за сокови лоцирана на булеварот „Железничка“ во Охрид, избувнал пожар. Од извршениот увид констатирано е дека пожарот зафатил неколку пластични и гумени предмети по што, бил изгаснат од чуварската служба. Во пожарот нема повредени лица а предизвикана е мала материјална штета, информира, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Извор:OhridNews