ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО УЛЦИЊ: Пијан возач на тротоар покосил тројца српски туристи

 ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО УЛЦИЊ: Пијан возач на тротоар покосил тројца српски туристи

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на Гоелмата плажа во познатиот туристички центар во Улцињ, повредени се тројца државјани на Србија. Во нив, според првичнит еинформации удрил автомобил, додека се движеле на тротоар.

Според црногорскиот медиум Вијести, повредените се хоспитализирани во болница во Бар, и се уште не се идентификувани.

– Три неидентификувани лица, за кои се знае дека се државјани на Србија, се здобиле со тешки телесни повреди во несреќата што се случи вчера нешто по 16 часот – објави „Вијести“.

Според неофицијални информации, автомобил се судрил со три повредени лица додека се движеле надвор од коловозната лента.

Истиот извор открива дека возачот што ги покосил бил во алкохолизирана состојба.

>
>