Тешка сообраќајка близу Охрид, возило излета од патот – тројца итно пренесени во болница

 Тешка сообраќајка близу Охрид, возило излета од патот – тројца итно пренесени во болница

На 03.04.2021 во 21,00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево кај с.Ново село патничко моторно возило “пежо“ со охридски регистарски ознаки управуванo од Н.С.(70) од Охрид излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Т.(58) од Охрид, а возачот и уште една сопатничка Л.С.(62) од Охрид се здобиле со телесни повреди констатирани во болницата “Св.Еразмо“-Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

>
>