Тешка сообраќајка кај Струга: Повредени двајца полицајци и уште три лица

 Тешка сообраќајка кај Струга: Повредени двајца полицајци и уште три лица

Вчера во 17.20 часот на магистралниот пат Струга – Граничен премин „Ќафасан“, во близина на крстосницата за с.Мали Влај, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „бмв“, со швајцарска национална ознака, управувано од Р.Н. (38) од с. Градец, гостиварско и патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (25) од Охрид.

Во незгодата, двајца полициски службеници, возачот на возилото „бмв“ и двајца сопатници од неговото возило се здобиле со повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струга и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

>
>