Тешка сообраќајка се случи утров во Охрид

 Тешка сообраќајка се случи утров во Охрид

Утрово сообраќајна несреќа на кружниот тек кај пресекот на булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“. Во сообраќајната несреќа учествувале две возила марка BMW и Audi.

Две лица се префрлени во Општата болница во Охрид и според првичните информации се работи за лесни телесни повреди информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Додава дека во несреќата освен двајцата возачи на автомобилите немало други лица и дека увидот е во тек по што ќе бидат познати другите детали за несреќата.

Според очевидци возачот на автомобилот марка Аudi без да прикочи удрил во автомобилот марка BMW.  Во сообраќајната несреќа видно се оштетени двете возила.

На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Брза помош и екипа на СВР Охрид.

x