Тешка сообраќајка утрово на патот Охрид – Св. Наум кај Горица, еден починат и повеќе повредени

Тешка сообраќајка утрово на патот Охрид – Св. Наум кај Горица, еден починат и повеќе повредени

Утрово нешто пред 1 и 30 часот на патниот правец Охрид – Св. Наум, кај Горица, се случила тешка сообраќајна незгода. Во несреќата има повеќе повредени, јавува Охрид 24.

Во несреќата учествувале „Цитроен Ц3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.К.(27) од Битола, „Голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(23), од охридското село Лескоец и „Фолксваген Пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од прилепското село Мало Коњаре.

Од здобиените тешки телесни повреди, И.К. во болницата „Св.Еразмо“ им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во истото возило:  М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде биле пренесени и уште едно лице од Битола, кое е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Сопатничката во истото возило Д.Р.(25) од Скопје, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.

Во истата болница за укажување на лекарска помош е пренесена и Б.Р.(23) од Охрид, сопатник во возилото „Голф“, додека по укажана лекарска помош, на домашно лекување се пуштени возачот на „Голф“ А.А. и сопатникот Б.К.(24) од Охрид. На местото на незгодата увид извршија Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds