
Тешка сообраќајка во Хрватска – загинаа четири, повредени пет лица
Во тешка сообраќајна незгода која се случила на автопатот А1 во Хрватска, од Загреб во правец кон Карловац, загинаа четири лица, а притоа се повредени пет, јавија хрватските медиуми.
Несреќата се случила на 19-тиот километар од Загреб, а во неа учествувале камион и комбе. И шлеперот, и комбето по сударот, се нашле во ендек, неколку метри од сударот.
Наводно комбето стоело во лентата за застанување, по што камионот налетал и удрил во него.
Сообраќајот се одвивал отежнато, а полицијата врши увид, по што ќе излезе со официјални детали околу незгодата.