Тешка сообраќајка во Охрид кај Рача, има повреден

 Тешка сообраќајка во Охрид кај Рача, има повреден

Вечерва на патот Охрид – Св. Наум, кај населбата Рача, во близина на Хидробиолоошкиот завод, се случила тешка сообраќајна незгода.

Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, незгодата се случила пред еден час, на потегот помеѓу Хидробиолошкиот завод и клучката кон дирекцијата на ЈП „Охридски комуналец“ и Центарот за обука на вода.

– Учесник е едно возило марка „фиат“ со охридски регистарски ознаки, кое се превртело на кровот, а во кое бил само возачот кој има телесни повреди, вели Димоски.

Изврешен е увид од полициски екипи, се утврдуваат причините за несреќата.

Извор:ohrid24.mk