
Тешка сообраќајна несреќа на патот Струга-Ќафасан, повредени четири лица (Фото)
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на патниот правец Струга-Ќафасан.
VOX Struga јави дека во незгодата учествувале две возила со албански регистераски ознаки и дека се повредени четири лица.

До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до сообраќајната незгода. Од СВР Охрид најавуваат повеќе детали во текот на утрешниот ден.