Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска: Автобус излетал од патот и се превртел, повредени неколку лица

 Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска: Автобус излетал од патот и се превртел, повредени неколку лица

Ноќта меѓу неделата кон понеделникот автобус излета од автопатот А1 и се преврте.

Со автобусот управувал 36-годишен возач, а после излетувањето, се превртел на страна. Во несреќата повредени се осум лица, од кои една потешко.

Повредените се пренесени во болница во Загреб и во Карловац, извести полицијата.

Во моментот на несреќата, во автобусот се возеле 13 патници и двајца возачи. Од компанијата во чија сопственост бил автобусот, потврдуваат дека тој бил технички исправен, и дека него го управувале искусни возачи.

Фото: Дамир Пуклавец/Pixsell