
Тешка сообраќајна несреќа во Србија: Единаесетгодишно девојче почина, телото пронајдено во реката Лим
Во тешката несреќа кај Пријепоље во Србија, кога автомобил слета во реката Лим, спасени биле таткото и синот, додека телото на девојчето Клара (11) било пронајдено во водата.
После потрагата која трае од ноќеска, телото е пронајдено во реката Лим.

Фамилијата синоќа кај Пријепоље доживеала тешка сообраќајна несреќа, кога автомобилот слетал од патот и паднал во реката Лим, а претходно била на одмор во Златар.
Драган Ивица (48) стигнал во попладневните часови со децата во Пријепоље и на враќање од Златар дошло до големата несреќа.