Тешка сообраќајна несреќа во струшко – едно лице почина

 Тешка сообраќајна несреќа во струшко – едно лице почина

На 18.05.2021 година во 19.40 часот, во ОВР Струга пријавено е дека на шумски пат во атарот на струшкото село Делогожда, забележано е превртено возило „Нисан Примера“ со струшки регистарски ознаки и починато лице во близина на автомобилот.

Од извршениот увид предводен од надлежен јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Т.Д.(76) од струшкото село Ливада, кој при управувањето со автомобилот, изгубил контрола и излетал од патот.

>
>