• 19/09/2020

Tesla е во голем налет. Нејзината пазарна вредност надмина 100 милијарди долари со што го помина германскиот автомобилски гигант Volkswagen

 Tesla е во голем налет. Нејзината пазарна вредност надмина 100 милијарди долари со што го помина германскиот автомобилски гигант Volkswagen
loading...
Advertisement

Во средината на минатата година, медиумите објавија дека извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис, наводно, размислува да купи удел во Tesla. Со оглед на тоа што германската компанија инвестира милијарди долари во електрификација, јасно е дека експертите и технологијата на Tesla би им помогнале во голема мерка во преминот кон електрични возила.

Иако оваа вест не беше потврдена од Volkswagen, истата денес звучи особено интересно затоа што пазарната вредност на Tesla ја надмина онаа на Volkswagen. На крилата на продажбата која ги надминува сите очекувања, најавите за нови модели, отворањето на новата фабрика во Кина и фактот дека компанијата веќе нема проблеми со производството на автомобили како што имаше во минатото, цената на акциите постојано се зголемува во последните месеци.

Цената на акциите во четвртокот изнесуваше повеќе од 570 долари, додека пазарната вредност на Тesla надмина 103 милијарди долари. Пазарната вредност на Volkswagen е помала од 90 милијарди долари, така што германската компанија, кога станува збор за пазарната вредност, падна на третото место помеѓу автомобилските компании. Прва и во моментов недопирлива е Toyota со пазарна вредност од повеќе од 200 милијарди американски долари.

Сепак, иако компанијата на Мaск го надмина Volkswagen по пазарна вредност, кога станува збор за испорака на автомобили, германската компанија сè уште е во голема предност. Така, во текот на последните единаесет месеци, VW испорачал скоро 11 милиони автомобили, Toyota испорачала повеќе од 9 милиони возила, додека испораката на Tesla за 2019 година била – 367.000 возила.